Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Актерот Крис Прат се вери со ќерката на Арнолд Шварценегер, погледнете го прстенот

Актерот Крис Прат се вери со ќерката на Арнолд Шварценегер, погледнете го прстенот

Крис Прат ѝ предложи брак на Кетрин Шварценегер. 29-годишната ќерка на Арнолд Шварценегер со голема радост го прифати предлогот за брак на 39-годишниот актер.

Веста за свршувачката ја објави Крис, заедно со фотографија од романтичниот момент. „Слатка Кетрин, мнгоу сум среќен што рече ДА! Возбуден сум што ќе се оженам со тебе“ – напиша Прат во описот.

Од раката на идната невеста, блеска дијамантскиот веренички прстен.

Крис Прат и Кетрин Шварценегер

Крис претходно беше осум години во брак со актерката Ана Фарис. Крис и Ана, кои се разделија во 2017 година, заедно имаат едно дете.

Ова ќе биде прв брак за Кетрин, која е блогерка и амбициозна писателка.

Крис Прат и Кетрин Шварценегер Крис Прат и Кетрин Шварценегер Крис Прат и Кетрин Шварценегер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11039 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.