Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Актерката Кирсти Ели почина од рак на 71 година, нејзините колеги се збогуваат со емотивни пораки

Актерката Кирсти Ели почина од рак на 71 година, нејзините колеги се збогуваат со емотивни пораки

Кирсти Ели почина на 71-годишна возраст. Славната актерка издиша за последен пат по кратка битка со ракот.

Тажната вест ја соопштија нејзините деца Вилијам Тру и Лили. „До сите наши пријатели ширум светот.... Со тага ве информираме дека нашата неверојатна, смела и грижлива мајка почина по битка со ракот, кој неодамна ѝ беше откриен. Таа беше опкружена од најблиските членови на семејството и се бореше со огромна сила“ – стои во соопштението.

„Таа беше икона на екранот, но беше уште поневеројатна мајка и баба“ – дополнуваат Вилијам Тру и Лили.

Кирсти Ели Кирсти Ели

Кирсти стекна светска слава со улогата на Ребека Хау во серијата „Cheers“.

Кирсти Ели

Бројни холивудски актери со емотивни објави на социјалните мрежи се збогуваа со Кирсти.

Џон Траволта објави две фотографии и напиша: „Кирсти беше една од најспецијалните врски што сум ги имал. Те сакам Кирсти. Знам дека ќе се видиме повторно.“

Кирсти Ели Кирсти Ели Кирсти Ели

Нејзиниот колега од „Cheers“, Келси Гремер, даде кратка изјава за People:„Отсекогаш верував дека тагата за јавна личност е приватна работа, но ќе кажам дека ја сакав“.

Џејми Ли Кертис, која глумеше со Кирсти во „Scream Queens“ објави пост на Instagram.

Поранешниот сопруг на Кирсти и татко на нејзините деца, Паркер Стивенсон, објави порака на Instagram:

Кирсти Ели Кирсти Ели

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11128 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.