Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Адријана Лима ја сподели првата фотографија од малото синче откако блесна на настан во Катар

Адријана Лима ја сподели првата фотографија од малото синче откако блесна на настан во Катар

Адријана Лима за првпат го покажа лицето на нејзиниот 3-месечен син.

41-годишниот модел сподели фотографија на која саканиот Андре Лемерс го држи нивното прво заедничко дете, синчето Сајен. И двајцата се облечени во дресот на Бразил.

„Сине мој, во твојата насмевка мама ја гледа радоста која ја имаше што го помина првиот фудбалски натпревар со твојот татко. Наскоро, јас и твоите сестри ќе ви се придружиме за да можеме повторно да бидеме едно големо среќно семејство, како што сме секогаш! Те сакаме“ – напиша таа во описот.

Лима, која во минатото ги носеше ангелските крилја на Victoria’s Secret, присуствуваше на настан во Катар, каде блесна во светкав костум од Ели Сааб.

Адријана Лима Адријана Лима Адријана Лима Адријана Лима Адријана Лима Адријана Лима Адријана Лима Адријана Лима

Таа беше и на отворањето на новата продавница на славниот либански дизајнер.

Адријана Лима Адријана Лима Адријана Лима Адријана Лима Адријана Лима Адријана Лима Адријана Лима

Лима се породи на 29 август, а неколку дена подоцна сподели фотографија од окото на новороденото бебе. Ова е нејзино трето дете. Таа има уште две ќерки од бракот со Марко Јариќ.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26564 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.