Адријана Лима нежно ја бакнува својата ќерка Валентина на фотографија од септемвриското издание на „Вог“.
Атрактивната Бразилка и 5-годишното девојче се дел од едиторијалот „Forces of Fashion“. И двете носат креации од најновата колекција на Долче и Габана, која е посветена на мајките и семејството.


Фотографот Брус Вебер ја потпишува слатката фотографија.
Лима редовно споделува на социјалните мрежи фотографии од Валентина и помалата ќерка Сиена.


