Адријана Лима присуствуваше на премиерата на „Cirque du Soleil: Corteo“ во Лос Анџелес. На настанот во Микрософт театарот, славната манекенка беше придружувана од семејството.
Убавата Бразилка пристигна на црвениот тепих заедно со ќерките Валентина и Сиена и нејзиниот сегашен партнер Андре Лемерс.
Лима беше облечена во целосно црна комбинација.



Адријана и Андре го добија првото заедничко дете во септември минатата година.
12-годишната Валентина и 9-годишната Сиена се деца на Лима и нејзиниот поранешен сопруг Марко Јариќ.







