Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Австралија ќе учествува на Евровизија 2015

Австралија ќе учествува на Евровизија 2015

Австралија ќе има свој претставник на ЕВРОвизија 2015. Не, не е грешка – Австралија.

По повод 60-годишнината на музичкиот натпревар и во духот на годинешната тема „Building Bridges“, организаторите одлучија да ја поканат Австралија да учествува во големото финале.

Евровизија Евровизија

Годинава ќе се натпреваруваат вкупно 40 земји. На Австралија ќе ѝ биде дозволено да гласа во двете полуфиналиња и во големото финале. Доколку победи Австралија, следната година нема да биде домаќин на Евровизија, но ќе добие право повторно да учествува.

Наш претставник ќе биде Даниел Кајмакоски кој ќе настапи во првата полуфинална вечер.

Јубилејното издание на Евровизија ќе се одржи во Виена, Австрија. Двете полуфиналиња се закажани за 19 и 21 мај, додека финалето ќе се одржи на 23 мај 2015 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11445 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.