Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „The Hurt Locker“ триумфира со 6 оскари

„The Hurt Locker“ триумфира со 6 оскари

Вчера вечерта по 82-ри пат се одржа доделувањето на најпрестижните награди во светот на филмот. Свечената церемонија се одржа во театарот „Кодак“ во Лос Анџелес и беше преводена од неверојатните актери Стив Мартин и Алек Болдуин.

Апсолутен победник на вечерта со вкупно 6 освоени оскари беше воениот филм The Hurt Locker, кој ги освои наградите за најдобар филм, најдобар режисер, најдобро оригинално сценарио, филмска монтажа, тон и тонска монтажа. Со тоа, Кетрин Бигелоу стана првата жена во историјата која што ја освоила наградата за најдобра режија.

Кетрин Бигелоу Сандра Булок

Фаворитот Avatar, иако имаше ист број номинации со The Hurt Locker, успеа да грабне само 3 оскари – за специјални ефекти, камера и уметнички дизајн.

За најдобра актерка беше прогласена Сандра Булок за драмата The Blind Side, а за најдобар актер наградата ја освои Џеф Бриџис за филмот Crazy Heart. Интересно е што Сандра Булок во саботата вечерта ја освои и наградата „Златна малина“ за најлоша актерка за изминатата година и со тоа стана единствената актерка во историјата која била истовремено прогласена и за најлоша и за најдобра актерка.

Моник ја освои наградата за најдобра споредна женска улога, а Кристоф Валц освои оскар за најдобра споредна машка улога.

Џеф Бриџис Моник

Другите победници на вечерта се:

Најдобар странски филм - El Secreto de Sus Ojos

Најдобро адаптирано сценарио – Precious

Најдобар анимиран филм – Up

Најдобар документарен филм - The Cove

Најдобра костимографија - The Young Victoria

Најдобра шминка - Star Trek

Најдобра музика - Up

Најдобар краток анимиран филм – Logorama

Најдобар краток документарен филм - Music by Prudence

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.