Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Spice Girls повторно се обединија за турнеја, но без Викторија Бекам

Spice Girls повторно се обединија за турнеја, но без Викторија Бекам

Со месеци наназад се шпекулираше дека Spice Girls ќе се обединат за да одат на заедничка турнеја, но дури вчера тоа беше официјално потврдено.

Мелани Браун, Ема Бантон, Мелани Чизом и Џери Хорнер со видео потврдија дека следното лето заедно ќе одат на турнеја низ Велика Британија и ги објавија шесте датуми за концертите. За да биде групата комплетна недостига само Викторија Бекам, која нема да ги придружува четирите „спајсици“.

Видео

Женската група Spice Girls, која достигна мегапопуларност во 90-тите години, ќе ја започне турнејата на 1 јуни 2019 година.

Во објава на Instagram, Викторија Бекам ја сподели официјалната фотографија од обединувањето на групата и им посака љубов и забава на своите девојки.

Spice Girls

„Денес е специјален ден за девојките, бидејќи ја најавија својата прва турнеја по заедничкиот настап во 2012 година! Нема да им се придружам на девојките на сцената уште еднаш, но тоа што бев дел од Spice Girls беше важен дел од мојот живот и им посакувам многу љубов и забава за време на нивната турнеја следната година. Знам дека ќе приредите неверојатно шоу и дека поранешните и сегашните фанови ќе си поминат прекрасно“ – напиша 44-годишната дизајнерка.

Spice Girls

Последен пат групата настапи во комплетен состав на затворањето на Олимписките игри во Лондон во август 2012 година.

Spice Girls Spice Girls

Групата Spice Girls беше формирана во 1994 година и за брзо време стана најпопуларната женска група во светот. Нивниот дебитантски албум „Spice“ беше продаден во 31 милион копии низ целиот свет, со што стана најпродаваниот албум во историјата.

Spice Girls Spice Girls Spice Girls Spice Girls

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11491 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.