Почетна » Новости » Чуден свет » ФОТО: Потрошил над 265.000 долари за да изгледа како куклата Кен

ФОТО: Потрошил над 265.000 долари за да изгледа како куклата Кен

Некои луѓе имаат вишок пари, а премалку ум. Родриго Алвес наводно има потрошено 265.000 долари за пластични операции со идејата да се претвори во жива верзија на куклата Кен.

Родриго редовно користи ботокс, си има направено 4 операции на носот, операција за поширока насмевка и липосукција, а стомачните мускули всушност му се вградени импланти. Последната негова „супер операција“ наречена „шест во едно“ чинела 76.000 долари.

Родриго Алвес Родриго Алвес Родриго Алвес

„Бев дебел, со лоша форма и исмејуван во тинејџерските години, но потоа одлучив да се преобразам“ – вели Алвес.

Родриго АлвесРодриго пред бројните операции

Досега Родриго има направено 30 естетски интервенции, па сега докторите во Велика Британија ги одбиваат неговите молби за дополнителни козметички зафати. Но, тоа не го спречило Родриго да одлета во Колумбија и да продолжи со преобразбата. „Тоа е долг процес. Тоа е долгорочно одржување. Штом еднаш ќе започнете, многу е тешко да престанете. Јас по природа сум перфекционист. Тоа е како ефектот на снежна топка и јас немам намера да запрам“ – изјавил Алвес за DailyMail.

Родриго Алвес

„Многу сум строг кон себеси и се плашам да остарам. Тоа е вистината“ – додал Алвес, кој првата пластична операција ја направил во 2004 година.

Лудата преобразба на Родриго му донесе петминутна слава, но и огромен број коментари кои укажуваат дека неговиот изглед е страшен и ужасно непривлечен за очите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.