Почетна » Новости » Чуден свет » ФОТО: 33-годишен потрошил 100.000 долари за да личи на Џастин Бибер

ФОТО: 33-годишен потрошил 100.000 долари за да личи на Џастин Бибер

Чудно е кога 33-годишен маж сака да изгледа како Џастин Бибер, но кога ќе потроши мало богатство за со пластични операции да се „претвори“ во тинејџерската сензација, тогаш е вистинска будалштина.

Тоби Шелдон во изминативе пет години ја потрошил целата своја заштеда на козметички интервенции и операции за да изгледа како Бибер. Пресадувањето на коса, Ботокс инјекциите, операцијата за помладешка насмевка, операцијата на очните капаци и липосукцијата на брадата го чинеле Тоби речиси 100.000 долари.

Тоби Шелдон

„Кога Џастин стана славен, неговото лице беше насекаде и секогаш кога ќе видев негова фотографија, единствено си мислев: Сакам да изгледам како него“ – изјавил Тоби.

„Еден месец закрепнував од операцијата на насмевката. А, по операцијата на очните капаци, не можев да си ги отворам очите една седмица“ – признал тој за британското списание „Closer“.

Тоби Шелдон Тоби Шелдон

Сепак, Тоби е задоволен од резултатите иако сака да продолжи со трансформацијата со помош на операција на носот и вилицата. „Моите пријатели ме опсипуваат со комплименти. Тие дури и ме викаат Тоби Бибер“ – рекол тој.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11118 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.