Почетна » Новости » Чуден свет » Најлошиот шеф: Кинез ги натерал вработените да лазат во јавност

Најлошиот шеф: Кинез ги натерал вработените да лазат во јавност

Шефовите знаат да бидат строги и неретко привлекуваат омраза од своите вработени. Но, многу лоши шефови изгледаат како ангели во споредба со Кинез од козметичка компанија кој ги принудил своите вработени да лазат пред очите на стотици случајни минувачи.

Контроверзниот настан ги обиколи кинеските медиуми и предизвика бура од негативни реакции. Работодавачот со нечовечки однос сакал да ги тестира вработените дали издржуваат кога се под притисок. За жал, единствениот тест кој го смислил вклучувал понижувачко лазење додека стотици минувачи фотографирале и исмејувале.

Кина

Додека траела „вежбата“, била повикана полиција, која ги растерала минувачите и само упатила критики кон шефот.

Кина Кина Кина

Фотографиите и видеото предизвикаа бројни негативни коментари. Освен што најостро го критикуваат односот на шефот, многумина се согласуваат дека би избрале невработеност, пред вакво понижување.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11111 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.