Почетна » Новости » Чуден свет » 90-годишен се развел од 15-годишна девојка откако таа избегала

90-годишен се развел од 15-годишна девојка откако таа избегала

Браковите на стари мажи со малолетни девојки не се реткост во многу земји во светот, особено кога се склучени поради пари.

Деновиве светот беше шокиран од веста дека 90-годишен маж од Саудиска Арабија се разведува од 15-годишна девојка откако таа избегала, но бара да му се вратат парите кои ги дал за неа.

Брак

Возрасниот маж им понудил нешто помалку од 20.000 долари на родителите на девојката за да стапи во брак со неа. Тие ја прифатиле неговата понуда, но на првата брачна ноќ девојката се заклучила во спалната соба и не го пуштала новиот сопруг да влезе. Изреволтиран од нејзината постапка, тој ги повикал родителите на невестата за да ја вразумат. Кога влегле во собата, ја пронашле девојката облеана во солзи, а нејзиниот невестински фустан бил искинат.

Вознемиреното семејство ја вратило девојката дома, но одбиле да му ги вратат парите на богатиот младоженец. Недоразбирањето завршило на суд, каде била донесена одлука за развод. Судот одлучил и дека родителите мора да ги вратат примените пари.

Во интервју за CNN, мажот рекол дека има 70 години, но претставници на организациите за заштита на човековите права сметаат дека има 86 години.

Активистите за заштита на човековите права гласно го искажаа своето незадоволство, не само поради големата разликата во возраста, но и поради околностите под кои бил договорен бракот.

„Кога ќе ја земете предвид големата разлика во возраста, ова не изгледа како брак, туку како девојчето да било продадено. Родителите на девојчето треба да понесат одговорност за ова“ – изјавил претставник на Саудиската национална асоцијација за човекови права.

Прочитајте повеќе за Страшната и тажна вистина за девојчињата невести низ светот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11144 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.