Почетна » Новости » Чуден свет » 20-годишната Бразилка си ја продаде невиноста за $780.000

20-годишната Бразилка си ја продаде невиноста за $780.000

Минатиот месец Катарина Миглиорини ја шокира јавноста кога објави дека си ја продава девственоста на онлајн аукција. Вчера заврши наддавањето за првиот сексуален однос на 20-годишната Бразилка. Највисоката понуда била дадена од Јапонецот Натсу, кој понудил 780.000 долари за да ѝ биде прв сексуален партнер на Катарина.

КатаринаКатарина

Пред неколку недели младата Бразилка изјави дека голем дел од собраните пари таа планира да ги даде на невладина организација која гради модерни домови во Санта Катарина. Тогаш Катарина изјавила и дека ваквата постапка не ја прави проститутка.

Катарина

„Гледам на ова како на бизнис. Имам можност да патувам, да учествувам во филм и да добијам бонус за тоа. Ако го направиш само еднаш, тогаш не си проститутка, исто како што автоматски не си фотограф ако успееш да направиш една добра фотографија. Аукцијата е само бизнис. Јас сум романтична девојка и верувам во љубовта. Но, ова ќе направи позитивна промена во областа каде што живеам. Парите ќе бидат за мене, не за продуцентот. Сакам да создадам проект кој ќе им помогне на многу семејства да добијат свој дом“ – изјавила таа за весникот Folha.

Катарина

Аукцијата предизвика многу негативни реакции, но уште поконтроверзно е што секој нејзин чекор и сите нејзини емоции пред и по првиот секс ќе бидат снимани од австралиска филмска екипа и ќе бидат прикажани како документарен филм со наслов „Virgins Wanted“.

Натсу ќе може да помине еден час со Катарина во авион кој ќе лета од Австралија кон САД, со цел да бидат „заобиколени“ законите за проституција. Бакнувањето е забрането, а задолжителна е употребата на кондом. Освен тоа, Јапонецот ќе биде тестиран за сексуално преносливи болести пред да му биде дозволено да има секс со Катарина.

Катарина

Во проектот „Virgins Wanted“ невиноста си ја продаваше и Александар Степанов. За него највисоката понуда била 3.000 долари.

АлександарАлександар

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.