Почетна » Новости » Музика » „Љуби ме и главата горе“: Дац, Александар и Бојана со спот за нашите херои кои се борат со коронавирусот

„Љуби ме и главата горе“: Дац, Александар и Бојана со спот за нашите херои кои се борат со коронавирусот

„Сме поминале многу бури, заедно ќе ја пребродиме и оваа... Никогаш не било лесно, но на мака се познаваат јунаците. Ова е химната за хероите на нашето секојдневие“ – со оваа порака започнува видеото со кое Драган Спасов Дац, Александар Митевски и Бојана Скендеровски им се заблагодаруваат на сите лица кои неуморно работат за да се справиме со новиот коронавирус.

Додека триото ја пее популарната „Љуби ме и главата горе“, се менуваат фотографии од хероите во нашата држава.

Песната и ова видео се посветени на хероите на нашето секојдневие:

Докторите и медицинските лица од цела држава, Министерството за здравство, Клиниката за инфективни болести, Институтот за јавно здравје и сите здравствени установи, Министерството за внатрешни работи, Армијата, Црвениот крст, Дирекцијата за заштита и спасување, сите волонтери и добронамерници кои секојдневно се во борба против ширењето на корона вирусот. Благодарност до авторите на оваа преубава песна.

Да бидеме заедно и да се придржуваме кон препораките

Драган Спасов Дац, Александар Митевски и Бојана Скендеровски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.