Почетна » Новости » Музика » Убавица на Санторини: Викторија Лоба со два нови музички спота снимени во Грција

Убавица на Санторини: Викторија Лоба со два нови музички спота снимени во Грција

Викторија Лоба ги израдува обожавателите со две нови песни. 30-годишната пејачка ги објави спотовите за песните „Над небото“ и „Feel It“, кои ги снимаше на Санторини.

Македонската музичка ѕвезда во спотовите е облечена во креациите на модниот дизајнер Папаз. Видеата комплетно се изработени од Дарко Митев.

„Првиот пат кога бев на Санторини, тој остров ме освои, дефинитивно има своја магија и сакав да направам видео запис. Имавме неколку дена снимање со целата екипа, огромна благодарност до сите кои беа дел од патувањето. На сите љубители на македонската музика како што ветив, во тек се последните подготовки од мојот албум кој ќе биде подарок за нив, полн со многу емоции, љубов и енергија“ – додаде Лоба.

Над небото

Feel It

Викторија Лоба спотови Викторија Лоба спотови

Автори на композициите се македонските продуценти Marga Sol и Darles Flow, а текстот за македонската верзија е дело на самата Лоба.

„Песната од денес е официјално издадена од M-Sol records на Spotify, iTunes, Beatport и останати музички мрежи. Задоволство ми е што започнав соработка со два еминентни музички продуценти Marga Sol и Darles Flow. Време е публиката да чуе поразлични синглови кои ќе бидат вистински deep house хитови“ – вели Лоба.

Викторија Лоба спотови

Албумот се очекува да излезе на музичкиот пазар до крајот на годината на македонски и англиски јазик.

Викторија Лоба спотови

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11117 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.