Почетна » Новости » Музика » Слушнете ја „Better Days“ која OneRepublic ја напишаа во карантин

Слушнете ја „Better Days“ која OneRepublic ја напишаа во карантин

Додека OneRepublic се во карантин и го привршуваат новиот албум, ја напишаа и снимија оптимистичката песна „Better Days“.

„Бевме во последната недела од снимањето на нашиот петти албум кога беше прогласена глобална пандемија од СЗО. Неколку од нас без да се свесни беа во контакт со некој со КОВИД-19 во Лондон и завршија во карантин во Лос Анџелес во моето студио. Ни требаа уште две песни за да го завршиме албумот, а една од нив испадна ‘Better Days’. Пишуваме за реални искуства и настани кои ни се случиле нас – ова се случува кога пишуваш песна за време на криза“ - сподели Рајан Тедер.

Песната ќе биде дел од претстојниот албум на групата насловен „Human“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11120 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.