Почетна » Новости » Музика » Модерна македонска музика: Спотот за „Lee“ на BDM и Yova изгледа и звучи светски

Модерна македонска музика: Спотот за „Lee“ на BDM и Yova изгледа и звучи светски

Музичката сцена кај нас е очајна за освежување, а новиот бенд BDM и пејачката Yova (Јова Радеска) ја придвижија во позитивен правец.

Спотот за нивната песна „Lee“ е одлично прифатен и несомнено изгледа светски.

„Интерконтиненталниот продукт, работен во Скопје, Белград, Лондон и Детроит е уште еден доказ дека денешниот музички свет не познава граници, туку вистински квалитетен звук инспириран од едноставна, емотивна приказна, што веројатно сите сме ја доживеале. 'Lee' e режисерско деби на Виктор Стоимиров, а е визуелно воден од блескавата Елена Гугоска. Стоимиров успева да ја пренесе едноставната порака - за кршливоста на љубовта и моќта во таква ситуација, да се издвојат убавите моменти кои вредат да се запомнат“ - стои во соопштението за музичкиот проект.

Песната е достапна на iTunes, Spotify, Google Play, Apple Music, Deezer и Shazam.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12001 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.