Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Џенифер Лопез со згодни момци во спотот за „I Luh Ya Papi“

ВИДЕО: Џенифер Лопез со згодни момци во спотот за „I Luh Ya Papi“

Во многу музички видеа жените се третирани како сексуални објекти, па Џенифер Лопез одлучи да направи спот во кој таа „улога“ ќе им припадне на мажи.

Видеозаписот за „I Luh Ya Papi“ со Френч Монтана беше снимен во Мајами минатиот месец, а е режиран од Џеси Тереро. Во него Џеј Ло и две нејзини пријателки се забавуваат покрај разголени момци.

„I Luh Ya Papi“ е прв сингл од новиот албум на Џенифер кој ќе биде објавен годинава.

Стилот на 44-годишната ѕвезда во видеото особено привлече внимание, бидејќи „копира“ нејзини аутфити од минатото, како облеката во спотот „I’m Real“ и прочуениот фустан Версаче кој таа го носеше на Греми во 2000 година.

Џенифер ЛопезЛево: Лопез на Греми 2000 година. Десно: Лопез во спотот. Џенифер Лопез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11479 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.