Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Спотот на Бијонсе за „Pretty Hurts“

ВИДЕО: Спотот на Бијонсе за „Pretty Hurts“

Бијонсе официјално го објави спотот за „Pretty Hurts“ на Vevo. Во видеото режирано од Мелина Мацукас, 32-годишната пејачка е мисица која се бори за круната и се измачува за да изгледа привлечно и убаво.

За да си ја исполни целта според денешните високи стандарди за убавина, Бијонсе во спотот добива ботокс инјекции, пие таблети за слабеење и присилно повраќа, додека и девојките околу неа исто така преземаат драстични мерки за разубавување како голтање на памук.

Преку видеото Бијонсе ја критикува денешната култура и ја потенцира важноста на среќата во животот.

„Pretty Hurts“ е дел од најновиот визуелен албум на славната пејачка, „Beyoncé“.

Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11180 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.