Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Спотот на Coldplay за „A Sky Full of Stars“

ВИДЕО: Спотот на Coldplay за „A Sky Full of Stars“

Групата Coldplay го објави својот нов видеозапис, снимен со помош на фанови кои одговорија на повикот од бендот на Twitter да земат учество во спотот.

Во видеото за „A Sky Full of Stars“, фронтменот Крис Мартин свири и пее низ улиците на Сиднеј, Австралија, следен од верните обожаватели. Подоцна му се приклучуваат и другите членови од групата, кои покрај инструментите, носат и забавни аутфити со шарени чадори и балони.

Песната е дел од новиот албум на групата, „Ghost Stories“, кој е инспириран од разделбата на Мартин со неговата сопруга Гвинет Палтроу.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11430 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.