Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Спотот за евровизиската песна со која Васил Гарванлиев ќе нè претставува во Ротердам

ВИДЕО: Спотот за евровизиската песна со која Васил Гарванлиев ќе нè претставува во Ротердам

Тукушто се одржа премиерата на спотот за песната „YOU“ со која Васил Гарванлиев ќе ја претставува нашата држава на овогодишното издание на Евровизија.

„YOU е покана за сите да се поврзат, отворат, танцуваат и го слават моментот“ – пишува македонскиот пејач, кој сите го паметиме по неговата детска песна „Марионка“.

Видео

Песната е дело на сестрите Невенка и Калина Нешкоски од Охрид, кои живеат во Чикаго.

Популарното музичко натпреварување ќе се одржи во Ротердам, Холандија. Васил, кој минатата година ѝ беше придружен вокал на Тамара Тодевска на музичкиот хепенинг, ќе настапи на првата полуфинална вечер на 12 мај додека големото финале е закажано за 16 мај.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9514 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.