Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Победниците на Скопски фестивал 2013

ВИДЕО: Победниците на Скопски фестивал 2013

Ламбе Алабаковски со песната „Ќе те чекам јас“ победи на Скопски фестивал 2013. Благодарение на добиените 124 гласа, Ламбе ја понесе и наградата од 1.200.000 денари.

Ламбе Алабаковски

„Оваа песна ја посветувам на мојата мајка, затоа што повторно се враќам на сцената“ – изјави победникот Алабаковски.

Второто место го освои Тамара Тодевска, која ја изведе „Тешко без тебе“. Познатата пејачка доби 89 гласа.

Тамара Тодевска

На трето место се најде Димитар Андоновски со песната „Ако ме боли“, за која освои 77 гласа.

„Ветивме одлични композиции, тоа и го дадовме, ветивме фестивал кој ќе биде празник на музиката – исто така го исполнивме, ветивме дека ќе го вратиме реномето на Скопски фестивал, неговиот сјај и престиж и затоа можам да кажам дека успеавме. Сè помина во совршен ред и останува уште да дозволиме песните отпеани оваа вечер да станат македонските хитови до следниот Скопски фестивал“ – изјави Мери Попова, одговорна за проектот Скопски фестивал 2013.

Скопски фестивал 2013 Скопски фестивал 2013 Скопски фестивал 2013

Големата вечер ќе остане запаметена и по хуманитарниот карактер. Организаторот на фестивалот, МРТ и мобилните оператори преку кои се одвиваше гласањето се откажаа од своите приходи и одлучија собраните финансиски средства да ги донираат за хуманитарни цели.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.