Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Нова верзија на „Градот Убав“ од Ај Кју и Тони Зен

ВИДЕО: Нова верзија на „Градот Убав“ од Ај Кју и Тони Зен

Незаборавната „Песна за Скопје“ или „Градот Убав“ доби нова и надополнета верзија од Ај Кју и Тони Зен.

„Годинава за еден многу убав повод, оваа песна е дел од фестивалот Скопје Лајт Арт Дистрикт, кој во моментов се одржува под мотото „Градот зелен пак ќе никне“, во организација на Универзална Сала под покровителство на Град Скопје. Аранжманот го изработи Бојан Трајковски, а текстот го надополни Тони Зен. Песната е снимена во студиото „Подрумот“ за која микс и мастер изработи Ангел Ќосев. За оваа песна веќе се изготвува и видео запис со содржини од фестивалот на светлината Скопје Лајт Арт Дистрикт“ – известуваат од тимот.

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.