Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Кели Кларксон го објави спотот за „Mr. Know It All“

ВИДЕО: Кели Кларксон го објави спотот за „Mr. Know It All“

Фановите на Кели Кларксон од денес имаат можност да го погледнат спотот за „Mr. Know It All“, првиот сингл од нејзиниот нов албум .

Во видеото Кели испраќа порака до нејзиното момче и до целиот свет дека нема да трпи критики и да прима совети од оние кои мислат дека ја познаваат повеќе отколку што таа се знае самата себе.

„Не знаеш ништо за мене“ – му пее Кели на своето момче. Истата порака 29-годишната пејачка ја испраќа и до целиот свет – во спотот на огромен ѕид се излепени исечоци од весници со лажни гласини за неа, за на крајот Кели да го руши ѕидот и да избега на слобода.

„Целата поента на песната е: не знаеш ништо за мене. Го обожавам тој концепт затоа што е глупаво да мислиш дека знаеш сè за одредена личност“ – објаснила Кели.

„Mr. Know It All“ е дел од новиот албум на Кели, „Stronger“, кој ќе излезе наредниот месец.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11188 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.