Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: „Ана“ ги оживува восочните фигури на Суперхикс во спотот за новата песна

ВИДЕО: „Ана“ ги оживува восочните фигури на Суперхикс во спотот за новата песна

Суперхикс ја освојуваат македонската публика со нова музика. Македонскиот бенд ја објави песната „Ана“, заедно со спотот за истата.

Во видеозаписот, убавата Ана ги оживува восочните фигури на членовите од групата Суперхикс. Поминувајќи пред излогот каде што беа поставени фигурите, Ана им го привлече вниманието на момците и ги натера да запеат за неа.

Членовите на популарната група се восочни фигури, комплетно прекриени со пајажини, заборавени од сите и оставени на забот на времето. Но, момците оживуваат благодарејќи на една Ана која што ја глуми Сара Анастасовска. Ана вози велосипед и продава букети на минувачите пред излогот каде што се поставени восочните фигури. Спотот е позитивен и разигран, а текстот певлив и инспиративен.

ВИДЕО

Текстот е дело на Дарко Попов, додека за создавањето на музиката нему му се придружија Петар Младеновски и Борис Минов.

Режијата и монтажата на видеото е на Благоја Неделковски.

Суперхикс продолжуваат со турбо работа, нови песни и спотови за своите фанови, но и за новите генерации кои што доаѓаат. На крајот порачуваат дека секој треба да си има една „Ана“ која што ќе го оживее и ќе му даде желба за творење.

Суперхикс спот за „Ана“ Суперхикс спот за „Ана“ Суперхикс спот за „Ана“ Суперхикс спот за „Ана“ Суперхикс спот за „Ана“ Суперхикс спот за „Ана“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11117 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.