Почетна » Новости » Музика » „1000 ѕвезди“ – слушнете ја новата песна на македонскиот бенд 2Be

„1000 ѕвезди“ – слушнете ја новата песна на македонскиот бенд 2Be

„Илјада Ѕвезди“ е насловот на третата песна која публиката може да ја слушне од македонскиот бенд 2Be. Ова е нивна втора авторска песна. Музиката, текстот и комплетниот аранжман е на момците од бендот, Љупче, Тино и Синиша.

Иако во претходните два видео записи снимани на различни локации низ Македонија се појавуваат и самите тие, овојпат видеозаписот за песната е едно креативно lyrics видео во забрзана снимка. 2Be велат дека причината за тоа е ситуацијата во која што сме речиси цела година. „Навистина беше многу забавно да се снима еден ваков видео запис“ - велат тие.

Момците од бендот ни најавија дека покрај оваа нова нумера, за брзо време ќе следи уште нешто ново од нив. Додека да се случи тоа, уживајте во нивната нова песна и lyrics видеото „Илјада Ѕвезди“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12010 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.