Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Сафари стил и романтична елеганција од Зухаир Мурад – ресорт 2015

ФОТО: Сафари стил и романтична елеганција од Зухаир Мурад – ресорт 2015

Зухаир Мурад многу добро знае како да си го задржи своето место во женските срца. Либанскиот дизајнер инстантно привлече бран комплименти по објавувањето на колекцијата ресорт 2015.

Очигледно новата доза инспирација Мурад ја пронајде во Африка. Сафари стил во елегантна варијанта, долги вечерни тоалети кои потсетуваат на египетските божици и геометриски форми „позајмени“ од традиционалната облека на африканските племиња создаваат визуелен моден спектакл кој нема да сакате да заврши.

Од друга страна привлекуваат и гламурозните фустани со „принцеза“ силуета, како и креациите со навезени декорации кои им стојат како тетоважи на кожата на моделите.

Загадочна, женствена, грациозна и разнолика, колекцијата на Мурад е сѐ, но не и моден спој кој ќе остане во заборав.

Колекција од Зухаир Мурад Колекција од Зухаир Мурад Колекција од Зухаир Мурад Колекција од Зухаир Мурад Колекција од Зухаир Мурад Колекција од Зухаир Мурад Колекција од Зухаир Мурад Колекција од Зухаир Мурад Колекција од Зухаир Мурад Колекција од Зухаир Мурад Колекција од Зухаир Мурад Колекција од Зухаир Мурад Колекција од Зухаир Мурад Колекција од Зухаир Мурад Колекција од Зухаир Мурад Колекција од Зухаир Мурад Колекција од Зухаир Мурад Колекција од Зухаир Мурад Колекција од Зухаир Мурад Колекција од Зухаир Мурад Колекција од Зухаир Мурад Колекција од Зухаир Мурад Колекција од Зухаир Мурад Колекција од Зухаир Мурад Колекција од Зухаир Мурад Колекција од Зухаир Мурад Колекција од Зухаир Мурад Колекција од Зухаир Мурад Колекција од Зухаир Мурад

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11438 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.