Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Ријана дизајнираше колекција очила за сонце за Диор

ФОТО: Ријана дизајнираше колекција очила за сонце за Диор

Ријана ја продлабочи соработката со Диор. 28-годишната пејачка ја дизајнираше својата прва колекција очила за сонце за реномираната модна куќа и сними фотосесија за да ги промовира своите дела.

На фотографиите, музичката ѕвезда позира во тесен комбинезон, а фокусот е ставен на футуристичките очила.

Кампањата е снимена под палката на модниот фотограф Жан-Батист Мондино.

Ријана Ријана

При дизајнирањето, Ријана се инспирирала од ликот Џорди Ла Форж од „Star Trek“. „Отсекогаш бев опседната со овие очила. Кога отидов во Диор и ги видов сите материјали со кои можам да си играм, тогаш се роди идејата“ – изјавила Ријана.

Ријана Ријана Ријана

Минатата година Ријана беше ѕвезда во кампања за популарниот француски бренд снимена во Версајскиот дворец.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10340 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.