Зухаир Мурад предмалку го тргна превезот на таинственоста од својата нова колекција венчаници. Талентираниот Либанец ги објави промотивните фотографии за колекцијата невестински фустани 2016.
Раскошните креации се хармонична комбинација на сексапил, софистицираност и елеганција. Комплексните декорации и луксузните ткаенини ѝ даваат посебен шарм на колекцијата.
Фотографиите се дело на фотографот Раби Јанс, со кого Мурад соработува веќе неколку сезони.
Популарниот дизајнер повторно им дава на своите клиентки можност за преобразување на венчаниците. Така, неколку од моделите целосно се трансформираат со специјални додатоци.
Моделот Patsy
Моделот Patsy + елегантно палто
Моделот Paola
Моделот Paola + здолниште
Моделот Penny
Моделот Penny + здолниште
Моделот Petra
Моделот Petra + наметка
Моделот Petra + болеро + наметка
		
