Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Пролетни трендови од Springfield

ФОТО: Пролетни трендови од Springfield

Пролетта речиси пристигна со нови лежерни трендови. Дозволете ѝ на новата сезона да го обземе вашиот плакар.

Springfield

Подгответе се за пролет

Цветни принтови и нежна розова боја пресликани на лежерни парчиња како парка јакни и фармерки од темен тексас се одличен избор за почеток на сезоната. Сината и зелената ги освежуваат овие секојдневни силуети.

Springfield Springfield

Љубов во пруги

Сина, црвена, бела и мнооогу пруги. Модерно оваа сезона повеќе од кога и да е. И за него и за неа.

Под влијание на трендот од 70-тите оваа колекција нуди обновена верзија на морнарскиот стил со ѕвонести панталони, плетени блузи со широки ракави, здолништа со А-форма и копчиња, како и кратки парка јакни.

Springfield Springfield Springfield

Поздрав на сонцето

Пролетта е тука! Нова сезона со нови неодоливи тонови. Прекрасна палета на бои ја претставува сезоната на младешки начин. Пастелна розова, сина и бела боја, разиграни принтови и симпатични, женски поло маици.

Springfield Springfield

Во канцеларија

За тренди релаксиран изглед од понеделник до петок, дел од колекцијата на Springfield нуди парчиња кои ќе направат промена во работното секојдневие. Мантили, краток бел фустан, лежерни чино панталони, блузи и кошули.

Springfield

Сите надвор, доаѓаат топли денови

Време за поло маици со нов струкиран крој – новитет во колекцијата на Springfield. Во комбинација со шорцеви од разновидни материјали и доминација на жолтата и црвената боја. Едноставно и “cool”.

Блузи со исписи, амблеми и декорации и бомбер јакните од превртена кожа се одлична комбинација со шорцеви од светол тексас. Парчињата инспирирани од кимоното се лесни и нежни заедно со кошулите порабени со тантела.

Springfield Springfield Springfield

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11253 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.