Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Најпознатиот модел со облини и официјално е модел за „Sports Illustrated Swimsuit“

ФОТО: Најпознатиот модел со облини и официјално е модел за „Sports Illustrated Swimsuit“

Ешли Грем, најпознатиот модел со облини, минатата година се појави во изданието на „Sports Illustrated“ посветено на костими за капење, но како дел од рекламна кампања. Годинава таа официјално е еден од моделите кои ќе ги разгоруваат машките фантазии со жешки фотосесии.

Ешли Грем Ешли Грем

„Ова е остварување на мој сон. Ви благодарам на сите што ги поддржувавте облините. Нашите гласови беа слушнати“ – напиша Ешли на социјалните мрежи.

Во последните неколку години списанието често беше критикувано заради тоа што секогаш ѕвезди на страниците се слаби манекенки. Ангажирањето на Ешли се смета како голем чекор во прифаќањето на модели со различна форма на телото.

Ешли Грем Ешли ГремЕшли во рекламната кампања која минатата година беше објавена во „Sports Illustrated Swimsuit“

Ешли започна да работи како модел во 2003 година, а досега има соработувано со повеќе брендови како Addition Elle и Forever 21 и списанија како „Vogue“, „Harper's Bazaar“ и „Glamour“.

Ешли Грем Ешли Грем

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.