Александро Паломбо ја облече Марџ Симпсон во некои од најпрепознатливите креации во изминативе 100 години.
На илустрациите, славната домаќинка од хит-серијата „Симпсонови“ можеме да ја видиме во белиот фустан на Мерилин Монро од филмот „The Seven Year Itch“, во црниот фустан на Одри Хепберн од „Breakfast at Tiffany's“, во твид костум типичен за стилот на Коко Шанел...
Црниот фустан од Живанши, кој Одри Хепберн го носеше во „Breakfast at Tiffany's“.
Плисираниот фустан со А-линија, длабоко деколте и врзување околу вратот (креација на Вилијам Травила) го носеше Мерилин Монро во „The Seven Year Itch“.
Костум од твид во стилот на незаборавната Коко Шанел.
Кадифениот фустан од Виктор Еделстејн, кој принцезата Дијана го носеше на гала вечера во Белата куќа во 1985 година, кога танцуваше со Џон Траволта.
Розовиот костум кој Џеки Кенеди го носеше денот кога беше убиен нејзиниот сопруг Џон Кенеди.
Синиот фустан кој војвотката Кетрин го носеше кога беше објавена нејзината свршувачка со принцот Вилијам.
Фустанот „лебед“ кој Бјорк го носеше на Оскарите во 2001 година.
Креацијата од Валентино која Џулија Робертс ја носеше кога доби Оскар за најдобра актерка во 2000 година.
Розовиот фустан од Ралф Лорен кој Гвинет Палтроу го носеше кога доби Оскар во 1998 година.
Креацијата на Жан Пол Готје со „конусен“ градник која ја популаризира Мадона.
Фустанот со безопасни од Версаче кој го носеше Елизабет Харли.
