Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Кара Делавин за „Вог“

ФОТО: Кара Делавин за „Вог“

Додека Кара Делавин се пробива во светот на филмот, „Вог“ ја потсетува дека таа чекори на врвот на модната индустрија, подарувајќи ѝ насловна страница.

Модниот едиторијал за јулското издание на списанието го потпишува реномираниот фотограф Патрик Демаршелие. На фотографиите, Кара носи креации од модни куќи како Шанел, Том Форд, Родарте и Џамбатиста Вали.

Кара Делавин Кара Делавин

Долгоногата Британка со препознатливи густи веѓи моментално е фокусирана на актерството. Во интервјуто за модната библија, 22-годишната манекенка признала дека се плашела да скокне од модата во Холивуд, но дека сега е многу задоволна од новата кариера.

Кара се отворила и за животот со мајка-зависник од дрога. „Тоа го обликува детството на секое дете со родител-зависник. Растеш прерано, бидејќи треба да изигруваш родител на своите родители. Мајка ми е неверојатно силна жена со големо срце и ја обожавам. Но, тоа не е нешто од кое стануваш подобар. Познавам луѓе кои престанале со дрогата и се добро, но тоа не е случај кај мене. Таа сè уште се бори“ – раскажала таа.

Кара Делавин Кара Делавин Кара Делавин Кара Делавин

Самата Кара поминала низ многу проблеми како депресија и анксиозност, но сега вели дека е пресреќна, за што придонесла и врската со пејачката Ени Кларк (St. Vincent). „Тоа што сум заљубена во мојата девојка многу придонесува за тоа што се чувствувам среќна со она што сум деновиве“ – рекла таа.

Кара ДелавинКара со својата девојка Ени Кларк

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11482 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.