Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Долче и Габана ја претставија колекцијата обувки „Kate“

ФОТО: Долче и Габана ја претставија колекцијата обувки „Kate“

Доменико Долче и Стефано Габана им дадоа на клиентките со длабок џеб уште една дополнителна причина да тргнат на шопинг. Дизајнерското дуо ја претстави колекцијата обувки „Kate“.

Следејќи класична и елеганта силуета, чевлите ќе го заробат погледот на сензуалните дами. „Новата колекција ги спојува женственоста, сензуалноста и иконските црти на брендот со задолжителните бои на сезонава“ – велат прочуените креатори кои со децении се инспирираат од италијанската култура и традиција.

Чевлите се со тенка штикла и модерен шпиц, а доаѓаат во сончево жолта, црвена, небесно сина, млечно зелена, црна и бежова боја. Софистицирана чипка го збогатува изгледот на дел од колекцијата, а кај сите модели бојата на ѓонот е идентична со бојата на самата обувка. Долче и Габана не го прескокнале ниту дивиот леопардски принт.

Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана

Пред неколку дена престижната модна куќа ги објави и бајковитите фотографии од рекламната кампања есен/зима 2014. Доменико застанал зад објективот, а главната улога ѝ припаднала на Клаудија Шифер.

Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11414 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.