Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Дауцен Крус е занесна дама за Емилио Пучи

ФОТО: Дауцен Крус е занесна дама за Емилио Пучи

Дауцен Крус изгледа занесно во новата кампања на модната куќа Емилио Пучи. Ноќните фотографии кои зрачат со мистериозност се дело на фотографското дуо Мерт и Маркус.

Дауцен Крус Дауцен Крус

28-годишната Холанѓанка, која често ги избира креациите на Пучи за црвениот тепих, на префинет начин ги претстави новите модели од колекцијата есен/зима 2013-2014, кои се повлијаени од стилот од 60-тите години.

„Секогаш гледам на принтовите од архивите, а оваа колекција беше прослава во чест на девојката Пучи, беше за тоа да си среќен и да изгледаш добро и однатре и однадвор. Модата е лек, таа е за среќа“ – коментира дизајнерот Питер Дандас.

Дауцен Крус

Силуетите се кратки – фустаните, здолништата, панталоните и туниките не ги надминуваат колената, можеби со идејата да дојдат до израз ултра високите и тесни чизми.

Дауцен Крус Дауцен Крус

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9523 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.