Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Адријана Лима е егзотична убавица за Дона Каран

ФОТО: Адријана Лима е егзотична убавица за Дона Каран

Адријана Лима изгледа како вистинска егзотична убавица на фотографиите за новата рекламна кампања на Дона Каран. 32-годишната манекенка ја обнови соработката со познатата дизајнерка за сезоната пролет/лето 2014.

Адријана Лима Адријана Лима

Лима носи креации од урбаната колекција на Каран кои се инспирирани од марами. Релаксираните силуети се надополнети со кожени ремени и дрвен накит кој им дава посебен шмек. Зашеметувачката палета вклучува прекрасни сини нијанси инспирирани од големите води и небото, како и земјени нијанси.

Фотографиите се дело на Расел Џејмс, а биле направени на различни локации на Хаити. Покрај Лима позира шпанскиот модел Андрес Сегура.

Адријана Лима Адријана Лима Адријана Лима Адријана Лима Адријана Лима

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11216 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.