Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Mango ја претстави новата колекција во Барселона

ФОТО: Mango ја претстави новата колекција во Барселона

Mango го отвори четиринаесеттото издание на популарниот моден настан 080 Barcelona Fashion, презентирајќи ја колекцијата есен/зима 2014.

Тони Гарн го означи стартот и финалето на ревијата која се одржа во поранешна болница и привлече над 800 гости. 21-годишната Германка ги направи првите чекори на пистата во лежерна комбинација, а подоцна го задржа вниманието на публиката со елегантна комбинација со развеано леопардско здолниште со висок шлиц.

Новата колекција е урбан микс од стилови, во кој доминираат релаксирани силуети. Црната боја лежи во основата на колекцијата, а палетата е надополнета со војничко зелени, сиви и црвени нијанси. Минималистичките вечерни креации пленат со елеганција, наспроти модерните кежуал креации кои влечат корени од строгиот деловен и мажествен изглед. Низ колекцијата се воочливи и елементи типични за спортскиот и рокерскиот стил на облекување.

Манго Манго
Mango Mango
Mango Mango
Mango Mango
Mango Mango
Mango Mango
Mango Mango
Mango Mango
Mango Mango
Mango Mango
Mango Mango
Mango Mango
Манго

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11209 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.