Почетна » Новости » Мода » Урбани модни додатоци за ефектни летни стајлинзи

Урбани модни додатоци за ефектни летни стајлинзи

Кога и да посакаме да го издигнеме аутфитот нивоа погоре на скалата на стилот, неодложно бараме помош од модните додатоци. Со право! Аксесоарите имаат моќ за секунда да го трансформираат изгледот од монотон во атрактивен и шик.

Во деновите кога температурите се доближуваат до максимумот, фокусот паѓа на ноншалантноста, па актуелните модни додатоци повикуваат на стилски експерименти, но и се вклопуваат во рамките на практичноста и безгрижноста.

Еве кои се клучните модни додатоци во кои вреди да инвестирате:

„Морски“ накит од школки

Донесете го морето на копно со накит кој имитира школки и подводна флора и фауна.

Обетки, ѓердани, па и синџирчиња за глуждови... овој летен тренд е ултра разновиден и лесно прифатлив.

Модни додатоциЛанче Parfois Модни додатоциОбетки Parfois

„Сламени“ чанти

Иако првата асоцијација за сламените чанти ни е плажата, не мора да сте упатени кон песок за да го искористите нивниот шмек. Тие се подеднакво атрактивни и на урбаниот асфалт кога се усогласени со стилот на облекување.

Претпочитајте бохо фустани и сандали и нема да погрешите ако ги надополните со сламена чанта.

Модни додатоциТорба women'secret (-18%)

Колоритна марама

Колку поразнобојно, толку подобро. Покрај стандардните начини за носење, марамите со весели дезени можете да ги инкорпорирате во фризурата, да ги искористите за збогатување на изгледот на чантите, или пак, да ви послужат како маска за заштита од новиот коронавирус.

Со само една марама можете експресно да раздвижите еднобоен стајлинг.

Впечатлив накит во боја

Дочекајте ги деновите и ноќите со тропски температури со весел накит кој ќе заробува погледи.

Модни додатоциЛанче Parfois Модни додатоциАлка Parfois

Очила за сонце со дебела пластична рамка

Сокријте ги очите од силните сончеви зраци со очила со дебела пластична рамка која оддава ретро вибрации.

Многу повеќе модни додатоци можете да пронајдете на онлајн продавницата на FashionGroup.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10399 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.