Почетна » Новости » Мода » Уникатна: Деми Мур во креација инспирирана од вратоврска на балот МЕТ

Уникатна: Деми Мур во креација инспирирана од вратоврска на балот МЕТ

Деми Мур направи вистински моден погодок на балот МЕТ. Во склоп со овогодишната тема и дрес-кодот „Tailored for You“ (Скроено за тебе), кој ја слави машката облека и класичните костуми, славната актерка избра мошне невообичаена креација.

Фустанот, кој е дело на модната куќа Thom Browne е инспириран од машката вратоврска и претставува вистинско ремек-дело на високата мода.

За неговата изработка биле потребни дури 7.600 часа рачна работа, а украсен е со над 1.400.000 мониста во различни форми и големини, кои создаваат уникатен визуелен ефект.

62-годишната актерка зрачеше со самодоверба и елеганција позирајќи пред бројните фоторепортери, уште еднаш потврдувајќи дека стилот не познава возраст.

Деми Мур Деми Мур Деми Мур Деми Мур Деми Мур Деми Мур Деми Мур Деми Мур Деми Мур Деми Мур Деми Мур Деми Мур Деми Мур Деми Мур Деми Мур Деми Мур

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25406 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.