Одвреме-навреме се случува славните дами да застанат под холивудските рефлектори во иста креација, па се раѓаат интересни стилски двобои.
Ева Лонгорија и Софија Вергара неодамна избраа ист црн фустан од Ролан Муре. И двете привлечни актерки, кои обожаваат припиени креации што ги истакнуваат нивните сексапилни фигури, изгледаат фантастично во елегантната креација.
Ева Лонгорија vs. Софија ВергараЛонгорија го носеше црниот фустан на Tribeca Film Festival во Њујорк, а својот стајлинг го имаше надополнето со обувки од луксузниот бренд Casadei.
Вергара минатиот месец ја носеше истата креација на Paleyfest во Лос Анџелес со обувки од британската дизајнерка Шарлот Олимпија.
