Почетна » Новости » Мода » Стилска хармонија и елеганција: Инспирирајте се од шпанската блогерка Луна Де Касанова

Стилска хармонија и елеганција: Инспирирајте се од шпанската блогерка Луна Де Касанова

Ако сакате да изградите елегантен стил составен од комбинации кои никогаш не излегуваат од мода, тогаш морате да прошетате низ фотографиите на Луна Де Касанова.

48-годишната шпанска блогерка, која во минатото беше модел, секојдневно инспирира многу жени да се грижат за себе, да тренираат и да стареат грациозно.

„Мојата цел е да ги инспирирам луѓето за стилот, не за модата, за тоа како да ја носат облеката и да склопуваат комбинации, да изгледаат елегантно и да стареат грациозно“ – пишува таа на својот Instagram профил.

Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова

„За мене, најважната цел е да бидам елегантна. Сакам аутфити кои имаат изразени линии и јасни силуети. Сакам да ја мешам облеката – старо со ново, евтино со скапо. Ги обожавам шарите и не се плашам да ги комбинирам. Вложувам многу време за да ги најдам точните модни додатоци кои одговараат со стајлингот. Не погодувам секогаш на прво, дури ни на второ или на трето, но кога ќе ја преминам вратата, уверена сум дека аутфитот е одличен“ – вели Луна за нејзиниот стил.

Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова

Таа споделува и правила кои ги следи кога купува нова облека: „Ако ја сакаш облеката, лесно да е купуваш импулсивно и да жалиш подоцна. Имам неколку правила кои ги следам и кои ми помагаат да трошам мудро. Прво, мораш да имаш јасна претстава што имаш веќе во плакарот и каде имаш дупки. Второ, кога ќе видиш парче облека што многу ти се допаѓа, треба да ја утврдиш неговата корисност. Дали тоа е модерно денес, но нема да можеш да го носиш следната година или е тип на стајлинг кој ќе можеш да го носиш со години? Јас ги купувам вторите и ги нарекувам „вечни парчиња“. Поголема сума одделувам за квалитетни модни додатоци, бидејќи знам дека ќе ги користам со години и дека можам да ги искористам за да го променам изгледот на многу модни комбинации“ – советува Луна.

Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова

За пластичните операции и филтрите, Луна вели:

„Немам никаков проблем со тоа што луѓето сакаат да си го подобрат изгледот во подоцнежна возраст со некои мали операции. Но, сметам дека е погрешно што младите луѓе чувствуваат притисок да прават пластични операции за да си го променат изгледот. Верувам дека треба да се обидеме да старееме грациозно и да ги одложиме операциите колку што е можно подолго време. Слично е и ако користите силни филтри на Instagram, кого мислите дека залажувате?“

Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова Луна Де Касанова

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12010 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.