Почетна » Новости » Мода » Стилска битка: Меланија Трамп и Блејк Лајвли во ист костум од Ралф Лорен

Стилска битка: Меланија Трамп и Блејк Лајвли во ист костум од Ралф Лорен

Најсилниот актуелен моден тренд ги освои и Меланија Трамп и Блејк Лајвли. За различни пригоди, славните дами избраа идентичен кариран костум од Ралф Лорен, но го искомбинираа сосем различно.

Додека деновиве активно го промовираше својот најнов филм, 30-годишната актерка беше фотографирана низ улиците во Њујорк во сивиот костум од есенската колекција на врвната модна куќа. Лајвли носеше складно палто од истата колекција, чанта од Мајкл Корс, бела кошула и вратоврска и впечатливи чизми.

Минатиот месец, 47-годишната прва дама на САД го придружуваше својот сопруг во Генерално собрание на Обединетите нации, каде се појави во карираната комбинација од Ралф Лорен. Стајлингот, Меланија го надополни со црна кошула и црни салонки.

Која дама го носи подобро?

Меланија Трамп vs. Блејк ЛајвлиМеланија Трамп vs. Блејк Лајвли

 
Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11380 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.