Синди Крафорд со своето семејство сними модна кампања.
59-годишниот модел се здружи со сопругот Ренди Гербер, ќерката Каја и синот Пресли за рекламна фотосесија за брендот Vuori.
Семејството позираше во неформална атмосфера во минималистички модни комбинации, каде доминираат неутрални тонови и удобни, модерни парчиња. Кампањата ја слави врската меѓу семејството, здравиот начин на живот и кежуал елеганцијата – нешто што совршено го отсликува семејството Крафорд-Гербер.

Како и со секое заедничко појавување, фановите веднаш забележаа колку се слични Каја и Синди – не само по изгледот, туку и по природниот шарм и самоувереноста пред камерата.







