Пред два дена се одржа премиерата на „The Hunger Games: Catching Fire“ во Лос Анџелес. На црвениот тепих зачекорија ѕвездите од филмот, како и многубројни гости.
Џенифер Лоренс избра креација на Кристијан Диор, што е сосема очекувано бидејќи за време на промотивната турнеја славната актерка нема облечено креација од друга модна куќа. 23-годишната филмска ѕвезда се појави во проѕирен фустан од колекцијата висока мода есен/зима 2013 на Диор.
Џенифер Лоренс
Но, Лоренс не е единствената холивудска ѕвезда која се насочи кон трендот проѕирни фустани во комбинација со црна долна облека. Трендот, кој на одреден начин го популаризираа Долче и Габана со своите чипкасти фустани, стана предизвик за многу славни припаднички на понежниот пол.
Најчесто станува збор за долги вечерни фустани во комбинација со црна долна облека.
Ферги
Џенифер Морисон / Ирина Шајк
Ева Лонгорија
Ким Кардашијан
Џесика Бил
Летиција Каста / Кристен Стјуарт
Марија Шарапова / Ели Голдинг
Миранда Кер
Наоми Харис / Џулиен Хаф
Шарлиз Терон
Бијонсе
Сиара
Понекогаш разголувањето оди чекор понапред, а во последно време сè почесто на свечените настани привлекуваат погледи и фустани кои не „трпат“ долна облека.
Ерин Васон
Гвинет Палтроу / Џејми Александер / Џенифер Лопез
