Инспирирана од индивидуалниот израз и слободата на летото, оваа колекција комбинира шик дизајни со интензивни бои што го привлекуваат погледот.
Под слоганот „Swimwear that fits your vibe“, новата линија нуди избор што одговара на сечиј стил, секое тело и секое расположение.
Во фокусот се поставени живите и ведри бои, динамичните animal принтови и современите дизајни што го отсликуваат пулсот на сезоната и носат свежа енергија на плажа.

Колекцијата вклучува широк спектар на модели, достапни во сите големини, дизајнирани внимателно да ја истакнат индивидуалноста и самодовербата на секоја жена.
Од брендот истакнуваат: „Со оваа колекција сакаме да го нагласиме она што отсекогаш било дел од нашата визија, а тоа е дека модата треба да биде достапна, приспособлива и инспиративна за секоја жена. Не се работи само за трендови, туку за тоа како се чувствувате во својата кожа.
Фотосесијата што ја придружува кампањата е реализирана во Анталија, Турција, каде што преку објективот на Ани и Дими е доловена безвременската медитеранска естетика, која го надополнува духот на колекцијата.
Костимите за капење се достапни во сите продажни места на САРА ФЕШН низ земјата, како и онлајн на sarafashion.mk.