Иако доцнеше 3 часа на отворањето на нејзината продавница Fenty во Њујорк, Ријана пристигна со стил на настанот, каде нетрпеливо ја чекаа нејзините фанови.
На коктел забавата, 31-годишната пејачка и дизајнерка заведуваше во розов мини фустан и сандали од својата нова модна линија Fenty.









Колекцијата на славната музичка ѕвезда е инклузивна и ги слави различните форми на телото. Моделите се продаваат во големини до 14 (кај нас конфекциски број 44), што е многу поширока понуда од останатите луксузни модни куќи. Покрај облеката, во неа исто така се вклучени и сандали, накит и очила за сонце.
„Станува збор за создавање стил за жени кој ќе прави тие да се чувствуваат силно, но и убаво“ – изјави неодамна Ријана.









Продавницата е привремена и е наменета за продажба на новата модна колекција Fenty на Ријана.