Бела Хадид трета година по ред дефилира на спектакуларната ревија на Victoria’s Secret. По завршувањето на шоуто, 22-годишниот модел ѝ се придружи на армијата ангели и модели на забавата организирана од брендот за долна облека.
На розовиот тепих, Бела се појави во провокативно издание. Атрактивната манекенка носеше проѕирна креација со длабоко деколте и шлиц од Џулиен Мекдоналд.




Хадид позираше со мајка си Јоланда.







Погледнете како изгледаше Бела на шоуто.






Јоланда го следеше шоуто од публиката заедно со The Weeknd, кој моментално е во врска со Бела.
