Почетна » Новости » Мода » Нови простории за ритмичка гимнастика во Спортскиот Центар Јане Сандански

Нови простории за ритмичка гимнастика во Спортскиот Центар Јане Сандански

Вежбањето им помага на дечињата да ги одржат мускулчињата и коските, воедно придонесува и спиењето да биде поквалитетно. Три дена во неделата се сосема доволни да се спречат хроничните заболувања.

Спортскиот центар Јане Сандански, меѓу останатите детски дисциплини, нуди и ритмичка гимнастика, спорт наменет за девојчиња на возраст 5-10 години. Во овој спорт комбинирани се балет, гимнастика и модерен танц. Кореографијата мора да го покрие целиот подиум и да содржи елементи на рамнотежа, брзи и нагли скокови, вртења и флексибилни движњеа. Вклучени се и сила, моќ, издржливост, темпераментност, умешност и добра координација.

Од неодамна, часовите се одржуваат во нова просторија специјално наменета за ритмичка гимнастика. Просторијата се наоѓа во рамките на спортскиот центар и е опремена со сите потребни реквизити за овој спорт.

Ритмичка гимнастика во Спортскиот Центар Јане Сандански Ритмичка гимнастика во Спортскиот Центар Јане Сандански

Термините остануваат исти, од понеделник до петок во следните временски периоди:

  • 17.30-18.30ч.
  • 18.30-19.30ч.
  • 19.30-20.30ч.

Резервирајте го местото на вашето дете навреме на телефон 070/268-048.

Ритмичка гимнастика во Спортскиот Центар Јане Сандански

За повеќе информации посетете ја нашата веб страница scjanesandanski.mk или пак следете нè на Facebook и Instagram и бидете во тек со последните новости и случувања.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9505 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.