Почетна » Новости » Мода » Нова модна соработка: H&M и француската модна куќа Balmain

Нова модна соработка: H&M и француската модна куќа Balmain

H&M започнува нова модна соработка, овојпат со француската модна куќа Balmain. Креативниот директор на Balmain, Оливие Рустан, ќе дизајнира лимитирана колекција за шведскиот моден бренд.

Соработката помеѓу популарните брендови Рустан ја најави на доделувањето на музичките награди на Billboard. Познатиот дизајнер зачекори на црвениот тепих со Кендал Џенер и Џордан Дан, кои носеа од неговите креации за H&M.

H&M  и Balmain H&M  и Balmain H&M  и Balmain H&M  и Balmain H&M  и Balmain H&M  и Balmain H&M  и Balmain H&M  и Balmain

Капсулната колекција ќе вклучува машка и женска облека, обувки и модни додатоци и ќе биде достапна од 5 ноември оваа година во 250 продавници на H&M низ светот и онлајн.

H&M  и Balmain H&M  и Balmain H&M  и Balmain

Претходно H&M соработуваше со Донатела Версаче, Карл Лагерфелд, Ланвин, Стела Мекартни и Џими Чу.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11122 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.