Почетна » Новости » Мода » Најдобрата пријателка на Меган Маркл во моден едиторијал за „Harper’s Bazaar“

Најдобрата пријателка на Меган Маркл во моден едиторијал за „Harper’s Bazaar“

Џесика Мулрони е ѕвезда во најновото издание на „Harper’s Bazaar“. За познатото списание, најдобрата пријателка на Меган Маркл сними моден едиторијал и зборуваше за својата работа, животот и личниот стил.

38-годишната стилистка позираше во разни комбинации со модни парчиња од брендови како Кристијан Диор, Гучи, Кристијан Лобутин, Луј Витон и Алтузара.

Џесика Мулрони

Џесика изјави дека пријателството со војвотката Меган е едно од нештата во животот кои ги чува подалеку од јавноста.

„Ова е моето прво интервју по свадбата (на Меган и принцот Хари). Слушнете, секоја личност треба да има малку приватност во животот. Има одредени нешта кои ми се многу драги и ги чувам во тајност. Постојат нешта за кои никогаш нема да прозборам. Мојот живот е отворена книга, но секогаш постојат неколку тајни страници назад, кои никој нема да може да ги прочита“ – изјавила таа.

Џесика Мулрони Џесика Мулрони

„Стилизирањето е толку мал дел во мојата работа. Имам, всушност, 10 работи. Луѓето не знаат дека работам толку многу, си мислат дека само ги облекувам луѓето. Мојот бизнис е со брендовите“ – објаснила Мулрони, која е неофицијален стилист и на Меган.

Џесика Мулрони Џесика Мулрони Џесика Мулрони Џесика Мулрони

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.